• недела, 19 мај 2024

Кузеска: ДПМНЕ не собрале потписи за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните

Кузеска: ДПМНЕ не собрале потписи за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - ДПМНЕ нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова. Кандидатурата во ДИК за Силјановска, ДПМНЕ ги поднела со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

Очигледно, како што рече, ДПМНЕ како што ги лажира анкетите, сакала да ги лажира и потписите, па кога разбрале дека ќе се проверува легалноста на секој даден потпис не ги поднеле. 

Според неа, ова е можеби првпат ДПМНЕ да нема собрано потписи зад својот кандидат, но тоа, како што нагласи, и не е толку важно.

- Клучното е дека ниту ДПМНЕ ниту Гордана Силјановска ја немаат поддршката од граѓаните. Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро. Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски, потенцира Кузевска. мд/дма/

Фото и видео: СДСМ

 


 

Остани поврзан