• недела, 19 мај 2024

Крос уште една година во Реал

Крос уште една година во Реал

Мадрид, 21 јуни 2023 (МИА) – Германскиот играч за врска Тони Крос (33) го продолжи договорот со мадридски Реал до јуни идната година, објави денеска Кралскиот клуб.

Договорот на Крос истекуваше на крајот на овој месец.

Германскиот фудбалер дојде во Реал во 2014 година од Баерн и со шпанскиот клуб освои четири титули во Лигата на шампиони, три во шпанското првенство и Купот на кралот, како и пет светски клупски титули.

Со германската репрезентација Крос ја освои светската титула во 2014 година. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан