• среда, 01 мај 2024

Кремљ со протестна нота против израелската амбасадорка поради неприфатливи коментари

Кремљ со протестна нота против израелската амбасадорка поради неприфатливи коментари

Москва, 5 февруари 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека ќе ја повика на разговор израелската амбасадорка Симона Халперин поради „неприфатливите коментари“ кои ги дала во интервју, објавија денеска руски медиуми.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, амбасадорката е обвинета за погрешно прикажување на надворешнополитичката позиција на Русија во интервјуто што го даде вчера за рускиот дневен весник Комерсант.

Руското Министерство ги опиша коментарите на израелската амбасадорка како „исклучително неуспешен почеток“ на нејзината дипломатска служба, која започна во декември минатата година.

Во интервјуто, Халперин го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за минимизирање на значењето на холокаустот и ја обвини Русија дека е премногу пријателска кон палестинската милитантна група Хамас. ссм/

фото: архива

 

 

Остани поврзан