• сабота, 04 јануари 2025

Најмалку 27 лица загинаа откако бродови со мигранти потонаа кај Тунис

Најмалку 27 лица загинаа откако бродови со мигранти потонаа кај Тунис

Тунис, 2 јануари 2025 (МИА) - Туниската крајбрежна стража ги извлече телата на 27 африкански мигранти, откако два брода со кои тие се обиделе да го преминат Медитеранот потонале кај градот Сфакс, соопшти полицијата.

Претходно денеска, полицијата соопшти дека крајбрежната стража спасила 87 лица кои биле на истите пловни објекти.

Сфакс често го користеле африканските мигранти како почетна точка за преминување преку Медитеранот.

Минатиот месец, туниската крајбрежна стража извлече тела на околу 30 мигранти по два одвоени инциденти со потонати чамци.

Тунис се бори со невидена миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка и за Тунижаните и за луѓето од многу други делови на Африка кои се движат со чамци на опасното патување низ Медитеранот во потрага по подобар живот во Европа. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан