Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
- Во Одеса и регионот е објавено предупредување за ракетен напад од Црното Море, објави на Телеграм градоначалникот на градот, Генадиј Труханов.
Одеса, 2 јануари 2025 (МИА) - Во Одеса и регионот е објавено предупредување за ракетен напад од Црното Море, објави на Телеграм градоначалникот на градот, Генадиј Труханов.
Локалните канали на „Телеграм“ јавуваат дека ракета од типот „Искандер“ лета во правец Јужни - Коблево - Вознесенск.
Властите ги повикаа жителите да се кријат во засолништата за бомби додека не се исклучи алармот, соопштија локалните власти. мс/
фото: МИА архива