• вторник, 17 декември 2024

Кремљ ги отфрла наводите дека Русија планирала убиство на директорот на германска компанија за оружје

Кремљ ги отфрла наводите дека Русија планирала убиство на директорот на германска компанија за оружје

Москва, 12 јули 2024 (МИА) - Медиумските извештаи дека Русија планирала атентат на извршниот директор на германскиот производител на оружје "Рајнметал" се базираат на „лажни“ информации од анонимни извори, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите доаѓаат од анонимни извори, дека не содржат „сериозна документација“ и дека затоа „не можат да се сфатат сериозно“, пренесува Радио Слободна Европа..

Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс вчера објавија дека американските разузнавачки служби откриле дека Русија планира атентат на извршниот директор на „Рајнметал", која произведува артилериски гранати и воени возила за Украина. Си-Ен-Ен во својот извештај се повика на пет неименувани американски и западни функционери, наведувајќи дека САД за сето тоа ја информирале Германија, чии безбедносни служби успеале да го заштитат Папергер. ссм/

фото: архива

Остани поврзан