МИА Најави - Свет
- 19 јануари 2025

19 јануари 2025
Појас Газа - Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас ќе стапи на сила.
Франкфурт - Говор на германскиот канцелар Олаф Шолц по повод 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.
Давос - Демонстрации пред почетокот на годишниот Светски економски форум.
Давос - Меѓународната невладина организација Оксфам ќе објави извештај за глобалната нееднаквост.
Вашингтон - Доналд Трамп, кој ја презема функцијата претседател на САД в понеделник, одржува митинг за неговото движење МАГА (Направи ја Америка повторно голема) и положува венец на гробот на непознатиот војник.
Тигуана, Мексико – Мексикански мигранти и активисти демонстрираат на границата со САД по повод инаугурацијата на Трамп поради неговата најава дека масовно ќе ги депортира мигрантите веднаш штом ќе ја преземе функцијата.
Вашингтон - Крајниот рок за кинеската компанија BiteDance да ја продаде апликацијата TikTok се приближува, во спротивно таа ќе биде забранета во САД.
Сан Салвадор - Демонстрации против рударството во Ел Салвадор.