• недела, 22 декември 2024

Крводарителска акција во штипски Дом на млади под мото „Биди хуман како Тоше“

Крводарителска акција во штипски Дом на млади под мото „Биди хуман како Тоше“

Штип, 6 јуни 2024 (МИА) - Во Дом на млади во Штип вечерва ќе се пеат песните на Тоше Проески, а средствата од билетите ќе бидат донирани за лекување на младата штипјанка Сибела Омерова. Организаторот денеска во рамките на овој хуманитарен концерт организира и крводарителска акција во чест на Тоше Проески под мотото „Биди хуман како Тоше“.

Крводарителската акција започна во 10 часот и ќе трае до 16 часот. Докторката во Трансфузиологија-Штип, Моника Стоилева упати апел до сите граѓани да се вклучат во акцијата со цел да се спаси нечиј човечки живот.

-Денеска во Дом на млади, во чест на Тоше Проески се организирани многу активност, од кој и крводарителската акција, бидејќи тој беше голем хуманитарец. Крводарителската акција започна во 10 и ќе трае до 16:00 часот. Ги повикуваме сите дарители да ни се придружат за да го одбележиме овој ден, вели Стоилева

Moтото на денешните настани „Биди хуман како Тоше“ мотивираше голем број на граѓани да купат билети за вечерва за  концертот во негова чест. Петнаесет познати македонски музички ѕвезди вечера ќе ги испејат познатите песни и рефрени на Тоше Проески. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан