• недела, 12 мај 2024

Крводарителска акција во Граничната полиција РЦ - ЈУГ

Крводарителска акција во Граничната полиција РЦ - ЈУГ

Кавадарци, 14 ноември 2023 (МИА) - Крводарителска акција денеска беше реализирана во Граничната полиција РЦ - ЈУГ, во организација на Црвен крст-  општинска организација Кавадарци, Полициска станица – Општа надлежност Кавадарци и Гранична полиција – Регионален центар Југ и тимот од Институт за трансфузиона медицина Скопје.

-Во просториите на Гранична полиција спроведовме доброволна крводарителска акција каде вработените и овој пат како и во годините наназад, ја покажаа својата хуманост и солидарност кон болните и повредените, дарувајќи крв. Акцијата ја изведе екипа од Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија и притоа дарувани се 16 единици крв. Голема благодарност до вработените од безбедносните служби на овие две институции кои покрај својата редовна работа, одржување на безбедност на граѓаните, секоја година преку две крводарителски акции во годината, одбезбедуваат доста единици крв, соопштија од Црвен крст Кавадарци.

Оттаму нагласија дека вработените од безбедносните служби на овие две институции даваат поддршка и помош на граѓанството од Кавадарци, Росоман и пошироко во државата, а со тоа хуманоста кај овие луѓе од година во година се повеќе се зголемува.свд/фф/

Фото: Црвен крст Кавадарци 

Остани поврзан