• петок, 17 мај 2024

Крводарителска акција во Кичево

Крводарителска акција во Кичево
Кичево, 22 август 2020 (МИА) - Општинската организација на Црвениот крст во Кичево денеска организираше крводарителска акција, во соработка со Институтот за трансфузиологија. Како што информира д-р Валбона Незири од Институтот за трансфузиологија во Кичево, вкупно се пријавиле 16 доброволци за дарување крв, од кои претежно се млади лица. -Кичевци и денеска ја покажаа нивната хуманост. Се одѕваа 16 граѓани доброволци за дарување крв и тоа претежно млади од форумот на млади од ИВЗ во Кичево, за што ние како Институт за трансфузиологија сме благодарни. Денешната акција како и обично ја спроведовме во соработка со Општинската организација на Црвениот крст во Кичево, рече Незири. Крводарителската акција се одржа во просториите на хотелот „Арабел" во Кичево.рз/бт/

Остани поврзан