• понеделник, 25 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Заедно со младите литерати го чуваме јазичниот простор, свесни за силата на македонската книжевност

Костадиновска-Стојчевска: Заедно со младите литерати го чуваме јазичниот простор, свесни за силата на македонската книжевност

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска присуствуваше на студентската вечер на македонската книжевност и култура „Непрочитано писмо“, на Катедрата за македонска книжевност и култура.

-Денеска новите генерации ми влеваат спокојство дека го чуваат јазичниот простор и се свесни за силината на македонскиот јазик и книжевност, напиша министерката на својата Фејсбук страница, по настанот кој е дел од манифестацијата „Деновите на македонската литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таа напиша дека „издаваштвото и афирмацијата на македонската книжевносте се повез на нашиот културен и национален идентитет. Книжевните архиви се нашата ризница со која го потврдуваме постоењето на македонското писмото и на јазикот“.

Како што вели министерката за култура, студентите и младите се наследници на литературата која од памтивек ја создавале вредните пишувачки умови.

-Студентската вечер на Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’ е јасен став на младите дека заеднички продолжуваме да го афирмираме и штитиме јазикот, но и постојано да ја осовременуваме книжевноста“, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е природен бедем каде посветено се негува македонистиката.

Таа укажа дека Министерството за култура го препознава трудот на младите и современи автори и постојано ја дава поддршката на нивните проекти.

Манифестацијата која започна денеска со темата „Српскиот и македонскиот книжевен романтизам“, продолжува утре со предавања на професори од Нови Сад и од Љубљана, на теми:  „Како се предава македонската книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад?“, и „Рецепцијата на расказот ’Вампир‘ од Петре М. Андреевски во Словенија: од превод до адаптација во музичко-раскажувачки перформанс“. нд/

 

 

Остани поврзан