• петок, 05 декември 2025

Во Пустец ќе се одржи „Македонски фолклорен фестивал Преспа 2025“

Во Пустец ќе се одржи „Македонски фолклорен фестивал Преспа 2025“

Дебар, 15 јули 2024 (МИА) - Во организација на македонското друштво „Преспа“, а со поддршка на општина Пустец, по неколкугодишна пауза ќе се одржи „Македонски фолклорен фестивал Преспа 2025“, информираше за МИА Едмонд Темелко, претседател на друштвото и поранешен градоначалник на оваа општина.

- На овој голем и многу значаен настан за сите Македонци ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва, фолклорни групи, со македонски ора, песни и обичаи. Тоа ќе биде  единство, традиција и гордост на едно место, додаде Темелко.

Фестивалот ќе се одржи на 27 јули (недела) на плоштадот „Гоце Делчев“, во центарот на Пустец, со почеток од 18 часот.

Според Темелко, најавено е дека на настанот ќе присуствува македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

- Како што ни ветија од локалната власт на Пустец во иднина оваа манифестација ќе стане традиционална и ќе се одржува секоја година со нивна поддршка. Ги покануваме сите да бидат дел од оваа историска вечер. Да покажеме дека македонскиот дух живее и се слави, порача Темелко. вт/мд/

Фото: Општина Пустец

 

Остани поврзан