• сабота, 20 јули 2024

Косовската полиција влезе во експозитурите на „Банка Поштенска штедилница“

Косовската полиција влезе во експозитурите на „Банка Поштенска штедилница“

Приштина, 20 мај 2024 (МИА) – Косовската полиција денеска влегла во филијали на „Банка Поштенска штедилница“ во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин поток, јави порталот „Косово онлајн“.

Координираната акција на косовската полиција и упадите во филијалите почнаа околу 15 часот во сите четири општини во северно Косово.

Курти не запира, без оглед што одлуката за забрана на динарите ќе доведе до дополнителни иселувања. Специјалците се пред Трезорот во Косовска Митровица, објави политичарот Марко Јакшиќ на Икс.

Централната банка на Косово на крајот од минатата година донесе Уредба со низа правила кои, меѓу другото, се однесуваат на регулирање на валутни прашања во Косово и предвидуваат дека единствената дозволена валута во Косово е еврото.

Уредбата требаше да стапи на сила на 1 февруари, но предизвика критики од Белград со тврдењата дека Приштина сака да го укине динарот и платежните трансакции со Србија.

Уредбата беше критикувана и од меѓународни претставници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан