• понеделник, 15 јули 2024

Копенхаген воведе програма за поттикнување еколошки и општествено одговорен туризам

Копенхаген воведе програма за поттикнување еколошки и општествено одговорен туризам

Копенхаген, 15 јули 2024 (МИА) - Туристичката организација на Копенхаген воведе програма за поттикнување на еколошки и општествено одговорен туризам.

На овој начин Копенхаген се обидува да привлече само туристи кои се учтиви и добро воспитани, пишува „Гардијан“.

Весникот наведува дека ќе бидат наградени оние кои ќе одлучат да возат велосипед, да користат јавен превоз, да учествуваат во некоја работа како градинарство или собирање ѓубре на пристаништето или во градските паркови.

Тие кои носат свои шолји за кафе за повеќекратна употреба може да очекуваат бесплатен пијалок на одредени места, додека другите поволности за добро однесување вклучуваат бесплатен коктел во барот или дополнително време поминато на комплексот на скијачките патеки во градот.

Ааро Хансен од Туристичката организација во Копенхаген рече дека целта е да се направи патувањето поодржливо.

„Сакаме посетителите да донесат посвесни климатски поприфалитви одлуки и на тој начин се надеваме ќе имаат покорисно искуство од патувањата“, рече Хансен.

Според него, намерата е туризмот наместо да биде товар на животната средина, да се трансформира во сила за позитивни промени.

Хансен вели дека програмата, со прифаќање на елементите на таканаречената економија на искуство, ќе поттикне повеќе позитивни средби меѓу туристите и локалните жители. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан