• петок, 17 мај 2024

Комплетирана групата на Шкупи во Лигата на шампионите во футсал

Комплетирана групата на Шкупи во Лигата на шампионите во футсал
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) – Со комплетирање на прелиминарната рунда познатите се сите учесници во групите од главната фаза во УЕФА-шампионската лига во футсал, во која македонскиот првак Шкупи ќе стартува идниот месец на домашен терен. Шкупи ќе биде домаќин на натпреварите во групата 8 во која, покрај чешки Хрудим, од прелиминарната рунда се пласираа и Диферданж од Луксембург и Лученец од Словачка. Натпреварите од главната рунда ќе се играат од 25 до 30 октомври. Пласман во елитната фаза ќе обезбедат само победниците во осумте групи. ег/

Остани поврзан