• четврток, 03 октомври 2024

Компани: Загубениот натпревар со Астон вила не е крај за Баерн, продолжуваме понатаму

Компани: Загубениот натпревар со Астон вила не е крај за Баерн, продолжуваме понатаму

Бирмингем, 3 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Баерн, Винсент Компани ги искажа впечатоците за натпреварот со Астон Вила одигран синоќа во Бирмингем.

Баварците загубија со 1:0 во натпреварот од 2.коло од Лигата на шампионите.

- Изгубивме и треба да научиме од тоа. Овој пораз не е крај за нас, затоа мора да продолжиме понатаму. Не можам да кажам дека одигравме лошо. Игравме одлично со топката, создадовме шанси, но тие имаат силен тим и многу е тешко да се игра овде, изјави  Компани за сајтот на УЕФА.

Астон вила со максимални шест бода по две кола се наоѓа на 6. место во поредокот во елитната фудбалска лига. Баерн е 15-ти со три бода. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан