• петок, 05 декември 2025

Екелстоун: Хамилтон освјуваше титули кога конкуренцијата беше слаба

Екелстоун: Хамилтон освјуваше титули кога конкуренцијата беше слаба

Лондон, 2.јули 2025 (МИА) - Возачот на Ферари Луис Хамилтон следната трка ја вози пред домашната публика во Силверстоун. На оваа патека седумкратниот шампион има девет победи. Но, според најавите тешко е да се очекува триумф на Хамилтон.

Од самиот почеток на соработката со Ферари, Хамилтон има потешкотии. Oва е првпат од 2007 година откако се појави во формула 1, по 11 изминати трки да нема пласман на победничкиот подиум.

Поранешниот прв човек на формула 1, Берни Екелстоун изјави:

- Хамилтон нема повеќе да биде шампион. Мислам дека имаше среќа во периодот кога беше доминантен, односно тогаш и немаше премногу конкуренција и затоа му беше полесно. Сега има сериозни ривали, а тој освојуваше титули кога конкуренцијата беше слаба.

Екелстоун е познат и по тоа што секогаш отворено зборува. 

Хамилтон со 91 поен се наоѓа на шестото место во генералниот пласман.    мн/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан