Жоао Педро од Брајтон премина во Челзи
- Бразилецот Жоао Педро е новиот напаѓач на „сините“ од Лондон и на тимот ќе му се приклучи веднаш пред четвртфиналето од Светското клупско првенство на ФИФА против Палмеирас
Мајами, 2.јули 2025 (МИА) - Бразилецот Жоао Педро е новиот напаѓач на „сините“ од Лондон и на тимот ќе му се приклучи веднаш пред четвртфиналето од Светското клупско првенство на ФИФА против Палмеирас. Тој со Челзи потпиша долгорочен договор до 2033 година
- Сите знаат дека ова е голем клуб со одлична историја. Во минатото имале одлични играчи, а имаат и сега. Возбуден сум што сум член на Челзи и кога сте играч на овој клуб мора да мислите само на едно нешто - тоа е победата, изјави Жоао Педро.
Почетоците на кариерата му беа во Флуминенсе, а во Англија првиот клуб му беше Вотфорд, каде повремено беше и капитен. За премиерлигашот Брајтон одигра 58 натпревари постигна 19 голови и беше најдобар стрелец во клубот.
Жоао Педро има одиграно и три натпревари за бразилската репрезентација. мн/
Фото: ЕПА