• петок, 05 декември 2025

Марковски со Јовиќ изборија четвртфинале во двојки на турнирот во Куршумлијска Бања

Марковски со Јовиќ изборија четвртфинале во двојки на турнирот во Куршумлијска Бања

Куршумлијска Бања, 2.јули 2025 (МИА) - Обрад Марковски и Никола Јовиќ остварија победа со неверојатен пресврт во решавачкиот сет и стигнаа до четвртфиналето во игра на двојки на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Тие ги елиминираа четвртите носители Алехандро Банкалари и Николас Виљалон Валдес од Чиле со победа од 2:1 во сетови.

Првиот сет им припадна на тенисерите од Чиле со 6:3 во гемови, а македонско-српската комбинација го доби вториот сет со 7:5 во гемови. Во решавачкиот сет Марковски и Јовиќ беа во негатива од 0:4, но потоа направија серија од 10 поени и сетот го завршија со 10:4 на поени.

Утре во четвртфиналето Марковски и Јовиќ ќе играат против тенисерите од Аргентина Лоренцо Гиљермо и Шин Хес.   мн/

 

Фото: МТФ

Остани поврзан