Пармачки покажа потенцијал и конкурентност, влогот во младите ќе продолжи
Скопје, 2.јули 2025 (МИА) - Младиот македонски пингпонгар Јован Пармачки, член во ППК Зегин Берово беше дел Европскиот камп за млади надежи во Португалија. Тој во најмладата категорија под 11 години, остави позитивен впечаток со конкурентност и со најнадежните од Европа за време на претстојот во Порто.
- Сега обврска на матичниот клуб и Федерацијата е овој влог да продолжи и треба да се искористи, потенцираат од Пинг понгарската федерација на Македонија по учеството на Пармачки на Европскиот камп за млади надежи во Португалија.
Најсилен впечаток остави турнирот кој се одржа помеѓу сите учесници на тренинг кампот каде што покрај трите победи, Пармачки беше конкурентен и со второрангираниот против кој освои сет, а беше конкурентен во сите сетови од мечот. мн/
Фото: ППФМ