• петок, 28 јуни 2024

Кои се одговорностите на сите учесници во сообраќајот?

Кои се одговорностите на сите учесници во сообраќајот?

Скопје, 28 јуни 2024

Додека се движите по урбаните улици, без ралика дали сте во улога на возач или пак пешак треба имате свој допринос за безбедноста на улиците. Особено е важно да се почитуваат законските регулативи, но и непишаните норми кои ќе ви ја олеснат динамиката на урбаниот сообраќај.

Не секогаш сообраќајот се одвива безпрекорно, а тоа се должи на учесниците кои неодговорно пристапуваат на патиштата, без размислување дали нивниот чекор е прикладен во дадената ситуација и кој ќе биде исходот од ваквото пристпување. Затоа е многу важно да ги разберете одговорностите кои ги имате како пешак или пак правилно да управувате со возило, бидејќи тие се од клучно значење за безбеден и ефикасен транспорт.

Во ова брзо време во кое живееме неопходно е да се движимте низ градските улици за да ги завршимте тековните дневни обврски. Да почнеме од одењето на работа, пазарувањето, лекарските прегледи, па се до активностите кои ги правите за релаксација, рекреација и лична сатдисфакција. 

Во текстот подолу заедно ќе навлеземе подетално во обвските на возачите и пешаците. Сеопфатно ќе увидиме од каде произлегуварезулира заедничкото невнимание со кое влијаеат на безбедноста на патиштата. 

1. Одговорности на возачите

Почитување на сообраќајните закони

Од вас како возач уште при полагањето во авто школа се очекува да се придржувате до законите и нормите во сообраќајот. Тука се присутни и ограничувањата на брзината, сообраќајните знаци и сообраќајните сигнали.

Во случај да не го правите ова, не само што ги загрозувате животите на другите учесници, туку ја ризикувате вашата безбедност и вашиот живот. Со ваквото непочитување го дебалансирате хармоничниот непрекинат тек на одвивање на сообраќајот и ги зголемувате ризиците за сообраќајни незгоди и изгубени животи.

Давање право на првенство во минување

Со давањето право на првенство на минување вие го почитувате основниот аспект за проактивно делување врз безбедноста на сообраќајот.

Без разлика дали се наоѓате на раскрсница, пешачки премин или пак ленти кои се спојуваат, вие како возач можете да дадете право на првенство на минување на пешаци и други возила како што е наложено во сообраќајните норми и правила.

Треба да знаете дека строго е забрането со закон престројување во друга лента доколку  се наоѓате на пешачки премин. Неколку метри пред пешачкиот премин па се до него означена е полна линија која означуваа забрана за преминување и престројување во друга лента.

Исто така треба да бидете свесни дека во никој случај не смеете да ја зголемувате брзината кога во близина има пешачки премин. Целта на ова правило е очигледна. Но накратко ќе ви кажеме дека е важно да успорите и да имате доволно време да го сопрете возилото и да им дозволите на пешаците безбедно и сигурно да ја преминат улицата.

Насочено внимание

Вашата внимателност во сообраќајот е најважна. Бидејќи потпирајќи се само на вашето внимание вие можете да избегнете несакани ситуации.

Особено во голем метеж вашето внимание нека биде насочено на патот и околината. Проверувајте ги слепите точки, внимавајте на ретровизорите, будно пратете ги пешачките премини за да предвидите потенцијални опасности и да спречите несреќи. 

Почитување на пешачките зони

Важно е да знаете дека назначените пешачки зони се резервирани исклучиво за пешаците. Во овие зони покрај пешачките премини спаѓаат и тротоарите. Вие како возач мора да ги почитувате овие зони , прво од етичка природа а потоа и законска регулатива. 

Воздржувајте се од паркирање, запирање или возење по пешачките зони. Доколку постапувате спротивно од горенаведеното, вие директно и свесно го попречувате пешачењето во овие зони, го наружувате пристапот и потенцијално ги загрозувате животите на пешаците.

Поседување трпение и учтивост

Трпението и учтивоста се учат уште на самите почетоци во авто школата, истите многу помагаат во поттикнувањето хармонични сообраќајни интеракции, затоа негувајте ги доколку ги поседувате. Доколку имате ниски граници на трпение и учтивност секогаш можете да работите на себе и да ги подобрите овие вештини.

Вие треба да дејствувате со трпение и смиреност кога сте заглавени во сообраќајот. И да се воздржувате од агресивни испади или пак агресивно управување со возилото. 

Пристапете во секоја ситуација со почит и учтивост, тоа може само да ви донесе позитивен исход без разлика на сценариото во кое сте се затекнале.

Во спротивно доколку не постапувате со учтивост и почит кон пешаците и другите возачи можете само да придонесете до развивање на непотребн конфликт или во краен случај физичка пресметка. Не само што ќе го загубите вашето драгоцено време, го нарушувате јавниот ред и мир, туку и го трошите времето на другите и ги попречувате во своите дневни активности со тоа што го сопирате сообраќајот.

2. Чести грешки кои ги прават возачите

Зголемена брзина

Со надминувањето на ограничената брзина на патот по кој се движите ја правите првата голема грешка.  Не само што го зголемувате ризикот од несреќи, туку го намалувате времето на реакција.


 


Со намалување на времето на реакција вие си го отежнувате избегнувањето на судири, особено со пешаци кои се директно изложени на удар без никаква заштита. За ова веќе сигурно сте зборувале со инструкторот во избраната автошкола, не зборавајте го ова и внимавајте на вашата и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Расеано возење

Потрудете се пред да започнете со возење да ги завршите прилагодувањата на радиото, разговорите на телефон или пак праќањето на пораки.

Овие активности се многу опасни доколку се случуваат во текот на самото возење бидејќи ви го одвлекуваат вниманието. Особено паметните телефони кои се преполни со апликации на кои ви пристигаат пораки и нотификации да со тоа директно влијаат на вашата расеаност и недоволен фокус на патот.

Избегнувајте да пишувате пораки или да водите разговори бидејќи со секоја напишана порака вие ја очекувате повратната, а вашето внимание е повеќе насочено кон телефонот што доведува до задоцнети реакци и потенцијални незгоди.

Игнорирање на пешачките премини или несериозно пристапување кон истите

Непропуштањето на пешаците на пешачките премини е честа грешка кај многу возачи, а вие како возач треба да учите од грешките на другите. Треба да ги увидите грешките на другите, и да не ги правите вие и да најдете начин да се информирате доколку не ги знаете правилата.

Неинформираноста за правилата доведува до дискусија бидејќи со тој едукативен дел треба да се запознаете на самите почетоци со вашиот инструктор во избраната автошкола. Затоа од суштинско значење е да направите информиран избор за авто школата која ќе биде овластена за вашата едукација.

Изберете автошкола и инструктор кој ви влева сигурност уште на почетокот и бидете целосно искрени со него. Доколку нешто не ви е јасно или пак некој дел од материјалот не го разбирате во целина, имајте слобода да побарате да ви го објаснат подетално за во иднина да бидете безбедни возачи за себе и околината.

Агресивно возење

Доколку имате лош ден или пак се чувствувате лошо избегнувајте да се впуштите во градскиот метеж.

Секое влучување на бес на патиштата, не само што ја зголемува тензијата на патот, туку ја зголемува и веројатноста за несреќи во кој учествуваат и други возачи и пешаци. 

Избегнувајте да отсекувате други возила, да се возите правејќи нагли движења со воланот или пак да ја зголемувате брзината за да го стигнете семафорот. Овие чести грешки може да ве чинат повеќе отколку што сте самите свесни за последиците.

Возење под влијание

Треба знаете дека возењето под влијание е честа појава на патиштата, особено во вечерните часови и викендите. Доколку сакате вечерно возење или пак викендот да го поминувате надвор од домот и морате да се движите на патиштата од некоја причина, потрудете се да бидете максимално внимателни на околината и движењето на другите.

Во никој случај не си дозволувајте да бидете еден од несовесните возачи кои возат под дејство на дрога или алкохол.

Ако се најдете во ситуација да сте лишени од рационалното размислување со влијание на горенаведените супстанци, потрудете се да најдете возач кој не е под дејство од вашето друштво. Во низа други случаеви дококу немате совозач кој е трезен или пак не е возач секогаш можете да се потпрете на јавниот превоз или да повикате такси.

Возењето под влијание ви го попречува свесното и рационално размислување и ви ја намалува умешноста за брзо реагирање што може да има кобни резултати.

3. Обврски на пешаците

Користење назначени зони за пешаци

Доколку сте во улога на пешак во сообраќајот ваша обврска е да се движите на зоните кои се наменети за вас, да поминувате на пешачки премин и да ја пратите сигнализацијата за пешаци.

Вашата безбедност зависи од вашата будност и почитувањето на овие одредби. Доколку сте меѓу пешачите покрај коловозот секогаш движете се на пешачката зона за да се чувствувате сигурно и безбедно да стигнете до посакуваната локација. 

Почитување на сообраќајните знаци

Исто како што возачите ги почитуваат сообраќајните знаци, така и вие како пешак морате да ги почитувате сообраќајните сигнали. Секогаш кога ќе ја преминувате улицата погледот вперете го во семафорот за да го почекате сигналот за дозволено движење.

На семафорот кога е вашиот ред за минување ќе се вклучи зелено светло. Се додека трае зеленото светло вие сте безбедни да ја преминете улицата. Во случај да е вклучено црвеното светло, тоа значи дека не е ваш ред за преминување и дека треба да почекате. 

Останете видливи 

Доколку пешачите во вечерните часови или пак се движите во места каде што нема услови за осветлување има два начина на кои ќе останете видливи на патот.

Првиот начин е да носите светла облека бидејќи светлите бои имаат тенденција да рефлектираат и на намалена светлина, додека пак темната облека ќе се претопи во темнината и мала е веројатноста дека некој ќе ве види, а со тоа се зголемува ризикот да се случи незгода.

Вториот начин е да носите рефлектирачка облека или пак да има на облеката делови кој со рефлектирачки ефекти.

Кога преминувате улица секогаш преминувајте на соодветното светло на семафорот и движете се по пешачцкиот премин.

Избегнувајте одвлекување на вниманието

Како пешак морате да се воздржите од одвлекување на вашето внимание.

Никако не смеете да го насочите вашето внимание во паметниот телефон, да гледате видеа на апликациите или пак да враќате на пораки.

Слушањето на музика додека се движите по улица е надвор од нормите бидејќи ве отсекува од реалноста, а со тоа ве прави не свесни за околината и случувањата.


Разговорите на телефон додека преминувате улица може да влијаат така што ќе го нарушат нивото на расудување и свесност.

За да се заштитите и проактивно да делувате на вашата безбедност морате да останете свесни за околината, да ги пратите движењата и постапките на другите учесници во сообраќајот.

Протокол на посветено внимание

Секогаш па дури и кога минувате на локации кај што не е наружена вашата безбедност погледнувајте лево и десно. На овој начин ја вежбате вашата свест да постапувате според овој протокол и на места каде што вашата безбедност може да биде загрозена.

На урбаните улици со многу автомобили секогаш практикувајте го овој протокол, зачекорете на улицата кога ќе бидете сигурни дека возачите го забележале вашето присуство.

4. Чести грешки кои ги прават пешаците

Непочитување на пешачкиот премин

Преминувањето на улицата надвор од пешачкиот премин одреден за вас го зголемува ризикот да ве удри возило. Ова е чест случај кај несовесните пешаци, кој не треба да го земате за пример.


Нека не ви претставува проблем да пешачите до пешачкиот премин иако сте подалеку, подобро е да го потрошите времето да стигнете до вашата зона. Во другиот случај само ја зголемувате веројатноста никогаш да не стигнете на посакуваното место, бидејќи се изложувате на опасност.

Многу е мала веројатноста да бидете удрени од возило, а да завршите без последици, скоро и невозможно. Доколку се случи ваква несреќа можете да имате трајни последици од повредите или или да го загубите својот живот.

Непочитување на сообраќајните сигнали

Со игнорирањето на сигналите за пешаци и обидот да ја преминете раскрсницата во несоодветен период, кога вие немате право на минување, ниту е безбедно ниту пак е во согласност со законите и одредбите.

Со ваквата постапка ја загрозувате безбедноста на возачите, но и на пешаците кои доаѓаат од спротивната страна.

Расеано движење

Движењето додека вниманието ви е одземено од паметните телефони или други електронски уреди е потенцијална опасност за вас.

Правејќи ве подложни на несреќи, а притоа загрозувајќи го вашиот живот. Затоа избегнувајте ги ваквите активности. Во случај да е нешто многу важно седнете на некоја клупа и завршете ја вашата активност на телефонот.

Потпирање на претпоставки

Никогаш не треба да претпоставувате дека возилата ќе ви дадат право на првенство, дури и кога имаате законско право да преминете.

Неопходно е да воспоставите контакт со очите со возачите секогаш кога сакате да преминете па и во случај да има сигнали за пешаци.

Ставете ја сигурноста на прво место и почитувајте ги и непишаните правила за невербална комуникација со другите.

Носење темна облека во вечерните часови

Кога носите темна облека во услови на слаба осветленост ја намалувате можноста да ве воочат на патот. А со тоа ја зголемувате шансата за несреќи. 

Кога знаете дека ќе се движите по темини патишта или области секогаш носете светла или рефлектирачка облека. Во случај да се затекнете во област во која нема услови за осветлување секогаш можете да го искористите вашиот блиц од паметниот телефон да дадете до знаење преку трепкање со светлото.

Во сложеноста на урбаната мобилност, партнерството помеѓу возачите и пешаците е клуч за безбедноста, без разлика од која страна се наоѓате во даден момен морате да соработувате. Преку разбирањето на одговорностите и потенцијалните грешки на двете страни можете да ја зајакнете симбиозата на нивната комуникацијата и да допринесете за средина во која сите учесници во сообраќајот ќе можат хармонично да коегзистираат.

Без разлика дали сте зад воланот или пак пеш, најважно е да ги почитувате сообраќајните закони, да го поставите вниманието на високо ниво и да го почитувате меѓусебниот простор.

Како што градовите продолжуваат да се развиваат и ритамот на секојдневниот живот се забрзува, вие како пешак или пак возач мора да ја зголемите вашата посветеност на свеста за безбедноста. Со што ќе допринесете патиштата да ја задржат својата намена и да останат безбедни поврзувачи на судбините, наместо патишта на страв и опасност.

Со превземање на оваа одговорност и стремејќи се кон поголема свесност, можете да го отворите патот кон иднината каде секое патување макар и она најкраткото ќе биде ефикасно и  безбедно.

____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

 

Остани поврзан