• петок, 28 јуни 2024

Приведен крадец баран со потерница

Приведен крадец баран со потерница

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) -  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 12:25 часот на територија на Ѓорче Петров, го лишиле од слобода скопјанецот А.Е.(55), кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од две години.

Како што соопшти МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан