• недела, 05 мај 2024

Ковачки: Со новата влада во Општина Илинден ќе се слеат над 9 милиони евра за инфраструктурни проекти

Ковачки: Со новата влада во Општина Илинден ќе се слеат над 9 милиони евра за инфраструктурни проекти

Скопје, 13 април 2024

Уште 11 дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Уште 11 дена кога народот ќе му го даде црвениот картон на Стево Пендаровски. Уште 11 дена кога граѓаните ќе излезат и масовно ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија.

Почитувани граѓани денеска се наоѓаме во најбрзо растечката општина, во Општина Илинден. Нашиот градоначалник и покрај тоа што се соочува со опструкции од централната власт, продолжува да ги реализира проектите. Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Илинден ќе се слеат над 9 милиони евра дополнителни за инфраструктурни проекти, за Илинден повторно да биде горда општина, за граѓаните на Илинден  повторно да бидат горди, за Македонија да биде повторно горда.

Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе и да дадеме поддршка на Гордана Силјановска Давкова.

 Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан