• четврток, 16 мај 2024

Коалиција Вреди: Очајни потези на ДУИ

Коалиција Вреди: Очајни потези на ДУИ

19 март 2024 

Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично. Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за да сега во очај ги собираат. 

Во кој степен падна командантот! Очигледно знае дека е на пат кон пораз! Тој го загуби својот „политички компас“ и се обидува да го најде својот спас меѓу Зејд и многу други, кои претставуваат низа неостварени фигури кои се појавуваат како камелеони во нашата политика.


Да не беше смешно ќе беше трагично. Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни. На самоназначените “ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови. Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ. Ќе биде многу интересно да се гледа “големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници. Се ближи 24 април, а брзо ќе дојде и 8 мај, кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста.


Коалиција Вреди

Фото: МИА архива 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан