КМФ Форца 2015 го освои Купот на Македонија во футсал
- КМФ Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа од 6-2 над КМФ Клими во финалниот натпревар одигран во неделата вечер во спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес.

Велес, 22 април 2024 (МИА) – КМФ Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа од 6-2 над КМФ Клими во финалниот натпревар одигран во неделата вечер во спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес.
Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1:0, а футсалците на Клими брзо ја анулираа резултатската негатива преку Мартин Никовиќ го израмнија резултатот.
Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне пет голови за убедлива победа. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски беше два пати прецизен.
Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6:2 го постигна Димче Андов. ег ФОТО: ФФМ