Јувентус планира да ја зголеми платата на Јилдиз
- Јувентус има намера да го задржи фудбалерот од средниот ред Кенан Јилдиз.
Торино, 9 јуни 2025 (МИА) - Јувентус има намера да го задржи фудбалерот од средниот ред Кенан Јилдиз.
Поради интересот на Арсенал за Јилдиз, клубот има намера да ја зголеми платата на 20-годишниот Турчин од 1,5 на 3-4 милиони евра по сезона, објави „Tuttosport“.
Арсенал е подготвен да потроши околу 60 милиони евра за играчот. Јувентус неговиот трансфер го проценува на 100 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Јилдиз постигна 9 гола и направи 7 асистенции на 48 натпревари за Јувентус. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 45 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА