• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Навивач почина за време на финалето на Лигата на нации

Навивач почина за време на финалето на Лигата на нации

Минхен, 9 јуни 2025 (МИА) - Еден навивач се здобил со смртоносни повреди по пад од второто ниво на „Алијанц Арена“ во Минхен синоќа за време на финалето на Лигата на нации меѓу Португалија и Шпанија, објави „ESPN“.

Натпреварот не беше прекинат поради инцидентот.

- Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатиот навивач. Ова не натера да сфатиме што е важно во животот, рече селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте на прес-конференцијата по натпреварот.

Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш, исто така го коментираше инцидентот. 

- Изразувам сочувство до семејството на загинатиот навивач. Ова ја засенува нашата победа денес.

Португалија ја победи Шпанија во финалето на Лигата на нации на пенали со 5:3 (2:2 по основните 90 и дополнителните 30 минути). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан