• недела, 19 мај 2024

Клуб од МЛС одби да го купи Бејл

Клуб од МЛС одби да го купи Бејл
Мадрид, 19 мај 2020 (МИА) - Агентите на напаѓачот на Реал, Герет Бејл, го понудија фудбалерот на еден од клубовите на МЛС, јави „Атлетик“. Според изворот, неименуван клуб одбил да го купи 30-годишен Велшанец. Претходно, самиот Бејл изјави дека е заинтересиран да ја продолжи кариера во Соединетите Американски Држави. Оваа сезона Бејл има три гола и две асистенции на 18 натпревари за Реал Мадрид. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Велшанецот на 32 милиони евра. зс/

Остани поврзан