Кит Келог: Европа нема да биде дел од мировните преговори меѓу Украина и Русија
- Европа ќе биде консултирана - но, на крајот исклучена - од планираните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина, откри специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина.

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) - Европа ќе биде консултирана - но, на крајот исклучена - од планираните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина, откри специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина.
Запрашан дали Европа ќе биде присутна на планираните разговори, Кит Келог рече дека тој е од „школата на реализмот, а тоа нема да се случи“.
„Можеби е како гребење со креда на табла, но јас ви кажувам нешто што е навистина многу искрено“, рече тој денеска.
„На моите европски пријатели им велам: приклучете се на дискусијата, не со жалење дали ќе бидете или не на преговарачка маса, туку со нудење конкретни предлози, идеи и зголемување на инвестициите во одбраната.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон ги поканил европските лидери во Париз в недела да разговараат за актуелната ситуација.
Келог истакна дека претходните мировни преговори меѓу Украина и Русија делумно пропаднале затоа што во нив учествувале премногу земји кои немале вистинска способност да го спроведат договореното. „Нема да ја повториме истата грешка“, рече тој на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно во својот говор на конференцијата предупреди дека Европа може да биде исклучена од преговорите. зш/