Египетскиот претседател во четврток во Ријад на разговори за арапскиот план за Газа
- Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси во четврток треба да отпатува за Ријад на разговори за арапскиот план за Газа, соопштија извори во египетската служба за безбедност.

Каиро, 18 февруари 2025 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси во четврток треба да отпатува за Ријад на разговори за арапскиот план за Газа, соопштија извори во египетската служба за безбедност.
Се очекува арапските држави да го разгледаат планот за обнова на Газа, што би можело да биде одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за обнова на палестинската енклава под контрола на САД.
Претставниците на Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Катар се очекува да разговараат за арапскиот план за Газа во Ријад пред тој да биде претставен на арапскиот самит во Каиро на 4 март, наведуваат египетски извори. паг/
Фото: МИА архива