• сабота, 18 мај 2024

Кина разгледува мерки за поттикнување на наталитетот

Кина разгледува мерки за поттикнување на наталитетот
Пекинг, 19 февруари 2021 (МИА) - Кина размислува за дополнителни мерки за зголемување на наталитетот, повеќе од четири години по укинувањето на политиката со која на семејствата им беше дозволено да имаат само едно дете.
Кина со децении спроведуваше строга контрола на раѓањето со цел да заштеди ресурси за нејзината растечка економија.
Сепак, опаѓањето на наталитетот во Кина сега се смета како голема закана за економскиот напредок и социјалната стабилност.
Националната здравствена комисија вчера соопшти дека ќе спроведе истражување за „дополнително стимулирање на раѓањето“.
Многу двојки ги наведуваат економските и социјалните фактори како причина за одлуката да немаат повеќе деца, а експертите го поздравија поттикнувањето на наталитетот поради забележителното стареење на кинеското население. паг/
   

Остани поврзан