• четврток, 04 јули 2024

Кварацхелија признат за најдобар дриблер во групната фаза од Лигата на шампионите

Кварацхелија признат за најдобар дриблер во групната фаза од Лигата на шампионите

Нион, 26 декември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија е на првото место по бројот на успешни дриблинзи оваа сезона во Лигата на шампионите, пренесува прес-службата на турнирот.

Грузиецот има 46 успешни дриблинзи. Второто место му припадна на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој ги помина своите противници со дриблинг 44 пати. Првата тројка ја комплетира португалскиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао со 36 дриблинзи.

Порталот Трансфермаркт на 22 декември го смести Кварацхелија на четвртото место на листата на најскапи играчи во Серија А, проценувајќи го на 80 милиони евра.

Кварацхелија во досегашниот дел од сезонава во Лигата на шампионите настапи на шест натпревари и беше творец на една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан