• недела, 22 декември 2024

Германската полиција отвори истрага за претепување на навивач од страна на обезбедувањето на Евро 2024

Германската полиција отвори истрага за претепување на навивач од страна на обезбедувањето на Евро 2024

Франкфурт, 4 јули 2024 (МИА) - Полицијата во Франкфурт отвори истрага по објавувањето на видеото на кое се гледа како стјуардите тепаат навивач на натпреварот Португалија - Словенија во осминафиналето на Евро 2024 година.

- Свесни сме за видеото и истражуваме случај на нанесена телесна повреда, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на полицијата во Франкфурт, Бинто Лонда.

Претходно УЕФА ги осуди стјуардите кои го претепаа навивачот.

Инцидентот се случи откако беше досуден пенал против Словенија во судиското продолжение. Неколку службеници за спроведување на законот го држеа мажот и го удирале со клоци и тупаници во близина на влезот на трибината. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан