Селекторот Илиевски одбра 15 кошаркари за натпреварот со Романија
- Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија Марјан Илиевски го намали бројот на играчи во ростерот за претсојниот натпревар со Романија
Скопје, 30.јули 2025 (МИА) - Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски го намали бројот на играчи во ростерот за претсојниот натпревар со Романија, кој се игра на 2.август во Куманово. По неколкуте одработени тренинзи во СРЦ „Кале“ во Скопје, нашата репрезентација ќе се пресели во Куманово каде ќе биде завршниот дел од подготовките.
За Куманово Илиевски ги повика: Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марко Миловановиќ, Валмир Какруки, Никола Василевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Тома Стојаноски, Марко Луканоски и Џејкоб Вајли.
Во реновираната спортска сала во Куманово, Македонија ќе го игра првиот натпревар од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година, а „црвено-жолтите“ ќе реализираат уште неколку тренинзи, по што селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти, ќе го дефинираат и конечниот избор на играчи кои ќе бидат во записникот (дванаесет) за дуелот со Романија. мн/
Фото: Кошаркарска федерација на Македонија