• петок, 05 декември 2025

Шпанија пресилна за македонските јуниори на ЕП во Белград

Шпанија пресилна за македонските јуниори на ЕП во Белград

Белград, 30.јули 2025 (МИА) - Нов убедлив пораз на македонската кошаркарска јуниорска репрезентација на Европското првенство во Белград за играчи до 18 години. Поуспешни од нашите кошаркари во осминафиналето на шампионатот беа нивните врсници од Шпанија кои славеа победа со 92:38. Резултат по четвртини: 19:13; 23:7; 22:13 и 28:5.

Според резултатот од периодите македонските кошаркари, на еден од конкурентите за освојување на медал равноправни беа само во првите десет минути, додека комплетно потфрлија во втората и четвртата четвртина кога постигнаа едноцифрен број поени за десет минути (седум и пет). 

До крајот на шампионатот Македонија ќе разигрува за пласман од 9-16.место, а утре противник ќе ни биде поразениот од дуелот Турција и Израел.    мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Остани поврзан