• сабота, 21 декември 2024

Кварацхелија нема да добие дозвола од Наполи за трансфер во ПСЖ

Кварацхелија нема да добие дозвола од Наполи за трансфер во ПСЖ

Париз, 8 јуни 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија, најверојатно нема да го напушти тимот во следниот преоден рок, пренесува „L'Equipe“.

Претходно медиумите во Франција пишуваа дека фудбалерот би можел да стане играч на Пари Сен-Жермен.

Сепак, новиот тренер на наполитанците, Антонио Конте инсистира дека играчот мора да биде задржан. Страните може да објават продолжување на договорот во блиска иднина.

На 1 јуни, L'Equipe објави дека Кварацхелија и ПСЖ се договориле за трансфер.

Грузиецот игра за Наполи од јули 2022 година. Во сезоната 2023/24, постигна 11 гола и креира девет асистенции на 45 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на Кварацхелија со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 80 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан