• понеделник, 24 јуни 2024

Кацарска: Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас  да носи правилни одлуки

Кацарска: Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас  да носи правилни одлуки

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод  8 Септември, Денот на независноста на државата, во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани.

-Нека денешниот празник не’ потсетува на мудрите одлуки кои се носеле во минатото, но и нека биде совест и глас на нашата борба за подобро, заедничко утре. Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас,  да носи правилни одлуки, кои ќе немаат друга цел освен благосостојба, мир и напредок на државата. Нека е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија! дма/аа/

Фото:МИА архива

Остани поврзан