• сабота, 20 јули 2024

На Табановце се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања

На Табановце се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, a времето на чекање за влез во земјава е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради вршење на градежни активности за реконструкција и проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, од денеска е воведен времен режим на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: МИА архива

Остани поврзан