• понеделник, 22 јули 2024

Се чистат одводните канали во Македонска Каменица

Се чистат одводните канали во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24 јуни 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица се чистат отворените одводни канали, како резултат на најавитете за поројни дождови, информираа од Јавното претпријатие ,,Камена Река". 

Прочистувањето на отворените одводни канали како што истакнаа оттаму е од витално значење за спречување на поплави и други штети по имотите на граѓаните. 

-Со вклучена крупна механизација денеска бевме вклучени во отстранување на насобраниот отпад, листопад, кал и други пречки кои можат да го блокираат протокот на водата во Грчки дол кај Долно маало во Македонска Каменица. Редовното одржување на одводните канали не само што ги минимизира ризиците од поплави, туку и го подобрува квалитетот на водата во околната, истакнаа од ЈП ,,Камена Река".

Најавија продолжување со преземање на мерки за навремено чистење на отворените канали и суводолици во останатите приградски и рурални средини во општината.

Во меѓувреме во регионот Пијанец - Малеш нови врнежи од град се регистрирани во беровско Двориште. Жители од ова село јавуваат за врнежи од град со големина на орев, а претходно пехчевскиот регион осамна со уништени градинарски посеви, како резултат на врнежите од град од синоќешното невреме. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан