• петок, 12 јули 2024

Касемиро не сака да оди во Манчестер јунајтед

Касемиро не сака да оди во Манчестер јунајтед
Манчестер, 17 август 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро не планира кариерата да ја продолжи во Манчестер јунајтед. Според новинарот Лукас Наварете, клубот од „Олд Трафорд“ се уште не испратил понуда до Реал Мадрид за трансфер на Бразилецот, но доколку Манчестер сепак одлучи да го купи Касемиро, играчот ќе одбие. Актуелниот договор на Касемиро со Реал Мадрид е до летото 2025 година. Вредноста на трансферот на Касемиро се проценува на 40 милиони евра. Фудбалерот со Реал Мадрид има освоено 18 трофеи. зс/

Остани поврзан