• петок, 12 јули 2024

Милан ги договори условите за трансфер на Фофана

Милан ги договори условите за трансфер на Фофана


Милано, 11 јули 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан ги договори условите околу договорот со играчот од средниот ред на Монако и на француската репрезентација Јусуф Фофана, објави денеска Скај Спорт Италија.
Според истиот извор, 25-годишниот фудбалер ја прифатил понудата на италијанскиот клуб и е подготвен да потпише петгодишен договор за плата од 2,5 милиони евра по сезона.
Сепак, трансферната сума на играчот од средниот ред може да се покаже како пречка за комплетирање на зделката. Скај Спорт Италија истакнува дека Монако е подготвен да дозволи трансфер на Фофана за најмалку 25 милиони евра.
Фофана дојде во Монако од Стразбур во сезоната 2019-2020 и има важечки договор до лето 2025 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан