• понеделник, 23 декември 2024

Кандидатот за претседател Арбен Таравари ја побара поддршката од кумановци

Кандидатот за претседател Арбен Таравари ја побара поддршката од кумановци

Куманово, 13 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател од Коалицијата Вреди, Арбен Таравари заедно со кандидатите за претеници, вечерва организираа митинг во Центарот за култура Куманово. Од граѓаните ја побараа поддршката за претседателскиот кандидат.

Во изјавата за медиумите, Таравари истакна дека по Рамазан ова е прв поголем настан со граѓаните и рече дека ќе ја побара поддршката од кумановци.

- Ќе ја презентираме програмата, четирите столбови коишто веќе јавно се кажани, европска интеграција, правна држава, сигурност и безбедност на државата и консензуална демократија, рече Таравари.

Во однос на кампањата, кандидатот за претседател Таравари рече дека досега е коректна со одредени притисоци на администрацијата.

- Досега е коректно освен што имаме одредени притисоци, се жалат од јавната администрација, јавни институции, меѓутоа повторно донекаде е коректна се надевам вака да продолжи, рече Таравари.

Тој истакна дека коалицијата води европска кампања, без навреди и лоши зборови кон другите.

- Од другата страна не е баш така. Секојдневно слушаме секакви навреди, да не речам и закани во наводници. Меѓутоа такви се кампањите, свесни сме и ги разбираме бидејќи се пред пораз, после 23 години, рече Таравари.

Тој кажа дека е подготвен за дебата и дуел со останатите кандидати.

- Мојата екипа е во комуникација со сите медиуми доколку најдеме термин доколку се усогласиме сите, тука сме. Имаше понуди, но никако да се усогласиме. Со Бујар имавме соочување, ако треба уште едно би сакал, ама да видиме дали ќе се усогласиме со тајминзите, додаде кандидатот за претседател Таравари. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан