• сабота, 11 мај 2024

Канада најави дека ќе го одмрзне финансирањето на работата на Агенцијата на ОН за помош на Палестинците

Канада најави дека ќе го одмрзне финансирањето на работата на Агенцијата на ОН за помош на Палестинците

Отава, 7 март 2024 (МИА) - Канада планира да продолжи со финансирање на Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестина (УНРВА) по еднонеделната суспензија на донациите поради израелските обвинувања дека 12 вработени во Агенцијата биле вмешани во нападите на Хамас на 7 октомври, објавија денеска канадските медиуми.

Во извештајот на ЦБС, во кој се цитира неименуван владин функционер, се вели дека федералната влада на Канада планира да продолжи со редовната, планирана исплата на 25 милиони канадски долари (18,5 милиони американски долари) на УНРВА во април и најави нови донации.

Доколку оваа информација биде официјално потврдена, Канада би можела да биде меѓу првите земји што ќе го одмрзне финансирањето на УНРВА, агенцијата на ОН која вработува 13.000 луѓе во Појасот Газа и помага во работењето на училиштата, здравствените центри и другите социјални институции, како и во дистрибуцијата на хуманитарна помош.

„Ниту една од 16-те земји кои го суспендираа финансирањето на УНРВА во износ од 450 милиони долари поради израелските обвинувања се уште не ја поништила својата одлука“, изјави Жилиет Тума, директорка за комуникации на организацијата.

Претходно, норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека многу земји кои привремено го прекинаа финансирањето на Агенцијата за помош на ОН за Палестина размислуваат да го променат својот став и наскоро ќе продолжат со исплатата на донации. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан