• петок, 26 април 2024

Казнети 103 возачи за непрописно престигнување

Казнети 103 возачи за непрописно престигнување
Скопје, 17 март 2023 (МИА) - На територијата на државава вчера биле казнети 103 возачи поради непрописно престигнување. МВР соопшти дека акциската контрола била спроведена од 
13 до 17 часот.
 
-Од нив, 26 на територијата на СВР Тетово, 25 на територија на СВР Охрид... За време на контролата санкционирани се и 152 други видови прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи. МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. хс/aa/

Остани поврзан