• сабота, 24 февруари 2024

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ, алиби за изборниот пораз

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ, алиби за изборниот пораз

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) - Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада би било барање алиби за изборен пораз, изјави денеска портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.  

-Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните. Не се нешто ново обиди за создавање криза, зборував и во пресот за нив. Како што досега не усепа така нема ниту овој пат. Нема да најде алиби, Мицкоски го чека двоен пораз на изборите, тој го знае тоа многу добро, изјави Каевски денеска на прес-конференција. 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вчера рече дека партијата ќе разговара дали и со кого ќе биде претставена во преодната влада. ев/

Остани поврзан