• петок, 26 април 2024

Кавадарци со повик за предлог проекти за родова еднаквост и човекови права, заштита и спасување на животна средина и од други приоритетни области

Кавадарци со повик за предлог проекти за родова еднаквост и човекови права, заштита и спасување на животна средина и од други приоритетни области
Кавадарци, 24 март 2023 (МИА) - Општина Кавадарци објави јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области, родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните, од програмaта G1, поддршка на ЛЕР,  од буџетот на општината Кавадарци, за  2023 година.
 
Како што информираа попладнево од кавадаречката локална самоуправа, на 29 март ќе се одржи информативен ден за заинтересираните апликанти, во општинската зграда. 
 
- Проектите мора да бидат иновативни, реално остварливи, со индикатори за успех и потврдени резултати, што во иднина ќе гарантираат одржливост, пишува, меѓу другото, во јавниот повик. свд/ев/

Остани поврзан