• недела, 22 декември 2024

Второ издание на стартап викенд во Охрид

Второ издание на стартап викенд во Охрид

Охрид, 26 април 2024 (МИА) - Второто издание на Стартап Викенд Охрид ќе се одржува од денеска до 28 април во просториите на универзитетот„Апостол Павле”.

Целна група на овој настан, како што велат организаторите, се млади професионалци од цела држава кои сакаат да започнат свој старап бизнис или да ја развијат нивната иноватива идеја.

Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат. 

Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 40 ментори (Стартап Основачи и експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, бизнисмени и инвеститори дма/мд/

 

Остани поврзан