• недела, 22 декември 2024

Кавадарци објави повик за субвенции за купување велосипеди 

Кавадарци објави повик за субвенции за купување велосипеди 

Кавадарци, 23 април 2024 (МИА) - Општина Кавадарци објави јавен повик за субвенционирање на купување велосипеди од страна на кавадарчани, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Тоа значи дека ќе им бидат надоместени дел од трошоците за купување велосипеди. Повикот трае до 15 мај, а ќе се реализира по принципот „јавно извлекување".

- Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход по лице, пишува во повикот. 

За спроведување на постапката, ќе биде формирана посебна комисија. Секретарот на Општината, Тодор Ефремов потврди за МИА, дека за оваа намена се предвидени околу 300 илјади денари од општинскиот буџет. свд/лв/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан