• четврток, 02 мај 2024

Интер со победа над Милан во градското дерби ќе ја обезбеди шампионската титула

Интер со победа над Милан во градското дерби ќе ја обезбеди шампионската титула

Милано, 15 април 2024 (МИА) - Интер може да ја освои шампионската титула веќе во следното коло од Серија А.

„Нероаѕурите“ синоќа одиграа нерешено 2:2 со Каљари и се лидери на табелата.

На шест кола пред крајот на првенството избраниците на Симоне Инзаги имаат 83 бодови, додека Милан кој вчера ремизираше со Сасуоло (3:3) заостанува 14 бода. Јувентус е на 3. место со 63 бодови, на 4. место е Болоња со 59 бодови.

Така, во случај на победа над Милан во следното коло, Интер предвреме ќе стане шампион на Италија - водството ќе се зголеми на 17 бода, предност која не може да се стигнеме ниту теоретски.

Дербито во 33. коло во Серија А ќе се одигра следниот понеделник на 22 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан