• недела, 19 мај 2024

Интер Мајами ги загуби шансите за пласман во плејофот во МЛС

Интер Мајами ги загуби шансите за пласман во плејофот во МЛС

Форт Лодердејл, 8 октомври 2023 (МИА) - Интер Мајами ноќеска загуби од Синсинати (0:1) во натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС.

По овој пораз Интер Мајами ги загуби шансите за пласман во плејофот. Тимот со 33 бода е на 14. место во Источната конференција. Заостатокот од 9. место на два меча пред крајот на регуларниот дел е недостижни седум бода.

На натпреварот против Синсинати одигран во Форт Лодердејл, како замена во второто полувреме влезе Лионел Меси. Триесет и шестгодишниот Аргентинец нема играно од 21 септември поради повреда. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан